ФОТО: Горан Пандев со своите херои на прием кај градоначалникот на Струмица!

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денес организираше прием за претставниците на фудбалскиот клуб „Академија Пандев“, предводени од Горан Пандев, кои пред една седмица го направија најголемиот успех во клупската историја. 

Приемот беше организиран во чест на победата во Купот на Македонија и првиот освоен трофеј на клубот, формиран пред девет години. Се разговараше за актуелните состојби во клубот и идните планови, како и за можностите за поддршка од општина Струмица која и досега овој клуб ја имаше. 

Градоначалникот Јаневски им посака уште поголеми успеси во наредните натпреварувања. 

Со овој успех, Академија Пандев само ја потврди својата најдобра сезона во историјата, откако претходно преку ПМФЛ обезбеди историски излез во Европа.