ВИДЕО: Гонзало Игуаин со стил даде деби-гол во дресот на Челзи!

Гонзало Игуаин, новото засилување на Челзи, го отвори резултатот на натпреварот против Хадерсфилд (1-0) и го даде деби-голот во новата средина.

Аргентинскиот напаѓач доби топка од Нголо Канте и во свој стил, биеше силно над главата на голманот на противникот. 

За Игуаин ова е трет настап откако дојде во Челзи како стартер, по мечевите со Борнмут во Премиер лигата како и против Шефилд Венсдеј во ФА Купот.