Гомез пред да замине во пензија: Преговарам со Реал Мадрид и Барселона... 

Легендарниот германски фудбалер со бразилски корени, Марио Гомез со својот тим Штутгарт се избори за враќање во германската фудбалска елита, но најави крај на богатата играчка кариера. 

Гомез по големиот успех на Штутгарт беше мета на новинарите кои сакаа да дознаат нешто повеќе за неговата иднината, а во еден момент ветеранот се пошегува со нив.

„Преговарам со Реал Мадрид и Барселона, а ако не успеам во тоа, тогаш... Ова беше мојата последна мисија. Одлучив ова да биде мојата последна сезона во Штутгарт, но веројатно и како фудбалер“, низ смеа рече Гомез.

Гомез пред 13 години беше шампион со Штутгарт во Бундеслигата, а потоа освои и две титули во Баерн Минхен.