ВИДЕО: Гомез направи аматерски пенал, Де Брујне го матира Алисон

Новиот шампион на Премиер лигата, Ливерпул има негатива од 1-0 на вечерашното дерби на „Итихад“ против Манчестер Сити.

По 25. минути игра, ланскиот освојувач на англиската елита има заслужено водство против „црвените“ на Јирген Клоп, откако Де Брујне беше на висината на задачата при ударот од 11 метри и го матира Алисон Бекер. Но, можеби најголема заслуга за радоста на „граѓаните“ оди зад името на Џо Гомез, кој на аматерски начин го фаулира Стерлинг во својот казнен простор.

  • Водечкиот гол на Сити против Ливерпул:

Инаку, Пеп и своите пулени ги остварија ветувањата и му приредија шампионски дочек на новиот првак на Премиер лигата. 

<<< ПОВРЗАНО - Џентлменски потег на „граѓаните“: Шампионски дочек на Ливерпул на „Итихад“ (ВИДЕО)