Головите и црвените картони се загарантирани во португалското дерби

Порто

Лисабонски Спортинг ја одбележа минатата сезона, ја прекина хегемонијата на Порто и градскиот ривал Бенфика и тука не сака да застане. Момците на Рубен Аморим целат на тројна круна оваа сезона, а титулата во Лига Купот веќе ја освоија. Тргнуваат и по втората, а најтешката пречка на тој пат им е лидерот на Примеира – Порто.

Сите квоти на MOZZART од натпреварот Спортинг - Порто >>>

Меч кој може да се каректеризира како финале пред финалето, затоа што кој и да биде победник на овој дуел ќе игра со Тондела и Мафра. Веќе два пати Порто и Спортинг оваа сезона беа на мегдан во шампионатот и двапати дуелот заврши со идентичен резултат – реми. Баш како и претходната сезона – освен тоа што „лавовите“ имаа победа во полуфиналето на Лига Купот – но, оваа сезона Порто не губи и има шест бода предност во шампионатот.

Порто неодоливо потсетува на шампионската генерација на Спортинг која ја освои круната со само еден пораз, но во Купот на Португалија нема ниту еден тим да игра на картата реми. Барем не во реваншот на Драгао. Ќе мора да се тргне на сѐ или ништо, по пласман понатаму. Во двете овосезонски пресметки Порто му се извлече на Спортинг.

На почетокот на септември Нуно Сантош на Жозе Алвалде ги донесе „лавовите“ во предност, а потоа, сега зимското засилување на Ливерпул, Луиз Диаз, успеа да изедначени во продолжението. Реваншот беше спектакуларен. Спортинг на Драгао водеше со 2-0, остана со играч помалку, а „змејовите“ со погодоците на Фабио Виера и Мехди Тареми дојдоа до бод. Продолжението го одбележи голема тепачка и бркотници по теренот. Судијата подели уште четири црвени картони по оној на Коатес во регуларните деведесет минути, а исто така и во првиот дуел арбитарот мораше да покаже црвен.

Така, едно е сигурно – ќе има и голови и црвени картони. Без тоа не минуваат дуелите на Порто и Спортинг.