Голови на Блажевски и Јашароски, „лавовите“ поразени од Черно Море

Финалистот на Купот од минатата сезона, Македонија ЃП го одигра третиот контролен натпревар на турските подготовки. Екипата на Наџи Шенсои загуби од бугарскиот прволигаш Черно Море со 2-3 (1-2). Дуелот се играше на терените на спортскиот комплекс „Голд сити“ во Аланија, а Шенсои пак им даде шанса на сите фудбалери кои ги поведе на подготовките. Двете екипи се договорија и одиграа четири дела по 30 минути.

Дејан Блажевски во 33. минута и Ален Јашароски во 88. минута ги постигнаа головите за „лавовите“. Курчор постигна два, а Минчев еден гол за бугарскиот прволигаш. Македонија ЃП за време на викендот загуби со 0-5 од украинската Олександрија, а претходно во тест трипати по 45 минути одигра 0-0 против Погон од Полска

Македонија ЃП: 
Марко Јовановски, Кристијан Пецов, Филип Мишевски, Мартин Ковачев, Давид Атанасовски, Сефер Емини, Ермедин Адем, Боби Божиновски, Арди Воша, Дејан Блажевски, Пауло Карваљо

Уште играа: 
Стојан Димовски, Дамјан Серафимов, Филип Алексовски, Фернандо Аугусто, Филип Петров, Кристијан Филиповски, Лука Трајковски, Дејан Тантуровски, Марко Стојчевски, Ален Јашаровски, Кипријан Петрески, Емин Бахтиари

На 1 февруари на „лавовите“ им следи натпревар со Пирин, па меч со Тузла (2 февруари), за подготовките да се затворат против Шахтјор Доњецк (5 февруари).