• Горан Упале

Екипите на Глазгов Ренџерс и Брага го одиграа највозбудливиот натпревар од синоќешната програма на Лигата на Европа (3-2), а токму од легендарниот „Ајброкс“ ни доаѓа и голот на вечерта во второто по ранг натпреварување на УЕФА.
Франсерџо од Брага навистина постигна фантастичен гол со кој го отвори резултатот (0-1), но дефинитивно овој меч го одбележа слаломот на Џо Арибо, кој во 74. минута си поигра со шестмина фудбалери на португалскиот тим и ја заби топката во противничката мрежа за експлозија во Глазгов и израмнување на 2-2.
- Голот на Арибо против Брага:
До големиот пресврт и победата од 3-2, Ренџерс стигна со голот на Хаџи во 82. минута.