ВИДЕО: Голот на Меси - „а ла Марадона“ е најдобар во кариерата на феноменот!

Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери кој во историјата заиграл на зелените терени. Навивачите гласаа кој е негов најдобар гол во кариерата и едногласно одлучија - фантастичниот против Хетафе, во 2007 година во рамки на шпанскиот Куп.

Тогаш 19-годишниот Меси го повтори ремек-делото на Диего Армандо Марадона од мечот против Англија на СП 1986. Аргентинецот зеде топка во своите нозе и за само десет секунди ја смести во мрежата на противникот. Атрактивно го „легна“ речиси цел тим на Хетафе пред да го направи тоа.

Акцијата за голот на Меси почна од Чави. Фудбалерот истрча 60 метри и имаше вкупно 13 допири со топката. За втор најубав гол во кариерата на Меси е изгласан против Атлетик Билбао во 2015 година, а третиот е против Реал Мадрид, во 2011 година.