Голот на годината доаѓа од Полска: Голман го совлада својот колега од 80 метри! (ВИДЕО)

Неверојатен гол беше постигнат на натпреварот од полската Екстракласа помеѓу екипите на Пушча Ниеполомице и Радомјак. Мечот заврши со конечни 1-1, но во центарот на вниманието беше гостинскиот голман Габриел Кобиљак, кој успеа да го совлада својот колега на другата страна со неверојатен шут од 80 метри!

Домашниот чувар на мрежата беше потполно невнимателен и не сфати со каква брзина доаѓа топката кон него, па немаше доволно време да реагира и гостите на спектакуларен начин успеаја да се изборат за реми со конечни 1-1. 

Голот на Кобиљак можете да го погледнете на секвенцата од две минути и 55 секунди.