Gol.mk анкета: Кој погодок на Македонија е најубав за изминатата година?

Фудбалската репрезентација на Македонија зад себе остави успешна година со највисоко трето место во квалификациската група и пласман во плеј-офот од Лигата на нациите.

2019 година беше добра, но во 2020 година се влегува со поголеми апетити, а тоа е прво триумф со Косово, а потоа надигрување со Белорусија или Грузија за историско место на ЕП 2020. Во изминатата календарска година паднаа единаесет гола во противничките мрежи, но три од нив се перфектни.

Кој од нив е најдобар? Во анкетата на Gol.mk номинирани се три погодока - на Ељиф Елмас против Летонија и Словенија, како и оној на Енис Барди против Летонија во Рига, трите во рамки на квалификациите за ЕП 2020.

  • Погодокот на Ељиф Елмас против Летонија во Скопје:
  • Погодокот на Енис Барди против Летонија во Рига:
  • Погодокот на Ељиф Елмас против Словенија во Скопје:

Чиј гол е најдобар? Гласајте во продолжение...

 

На фудбалерите им посакуваме искрени честитки за постигнатото, многу среќа, здравје и уште поуспешна 2020 година.