Голманската легенда Валтер Зенга именуван за нов тренер на Кротоне

Некогашниот легендарен голман на италијанската репрезентација, Валтер Зенга е нов тренер на калчолигашот Кротоне. Официјалната презентација е закажана за попладнево, а дебито за време на викендот.

Поранешниот голман на Интер и Сампдорија, како тренер ги предводеше Катанија, Палермо, Сампдорија, Црвена Звезда, Стеауа, Ал Ахли и англискиот Вулверхемптон. Давиде Никола си поднесе оставка на функцијата по поразот во понеделникот од Удинезе со 0-3.

Кротоне се наоѓа на 16. место во италијанскиот шампионат со 12 бода и грчевито се бори да го обезбеди опстанокот како минатата сезона.