Голманот Горан Трајковски се раздели со Силекс

Екипата на Силекс остана пократка за еден голман, откако чуварот на мрежата Горан Трајковски си замина од екипата поради истек на договорот.

24-годишниот имаше договор до крајот на актуелната сезона со тимот од Кратово, а по испаѓањето во ВМФЛ-Запад, двете страни не најдоа заеднички јазик да се продолжи соработката. Така, Трајковски како слободен ќе бара нов клуб.

Кумановскиот голман бранеше на 14 натпревари во ПМФЛ, а исто така беше херој во Купот на Македонија, откако во четвртфиналето со големиот фаворит Шкендија имаше одлична пенал-серија и го вивна тимот кон успехот.

Горан Трајковски покрај за Силекс во кариерата играше уште и за Плачковица, Македонија ЃП и Работнички.