• Мартин Танасковски
Екипата на Наполи ги разочара своите навивачи, со празно реми без голови (0-0) против екипата на Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите.
Минатите три дуели на бундеслигашот во елитата беа со шест гола, но не и овој, на кој мрежите мируваа. Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас го одигра целиот дуел на стадионот „Диего Армандо Марадона“, заврши со најдобра оценка од целиот тим на италијанскиот шампион и имаше прекрасна шанса.
- Шансата на Елмас против Ајнтрахт:
Течеше 13. минута, кога Елмас го „нанижа“ тимот на ривалот, шутираше откосо, но голманот Цетерер спречи првенец на македонскиот „дијамант“ во елитното друштво. Македонецот имаше блескав меч и позитивна оценка, но, неговиот тим за жал не победи.
- Извештај од натпреварот:
Наполи по четири меча во ЛШ има четири бода, исто колку и Ајнтрахт Франкфурт. Во следната рунда наполитанците играат дома против Карабах и тоа ќе им биде дуел за борба за важни бодови во елитното друштво.





