Голманот Силјановски си замина од Воска Спорт

Екипата на Воска Спорт во новата сезона ќе бара нов голман, откако од клубот замина Дејан Силјановски. 

28-годишниот чувар на мрежата по една сезона ќе си бара нов ангажман, откако со Воска Спорт не успеа да избори место во ПМФЛ преку баражот. Силјановски во својата кариера има и прволигашко искуство, а сега е во потрага по нова средина. 

Тетовчанецот започна како голман на Љуботен, па прејде во Македонија Ѓорче Петров. Потоа следуваа авантури во Тетекс, Саса, Беласица, Борец и Гостивар, пред да направи трансфер во Скопје во ПМФЛ. Минатото лето Силјановски се пресели во Охрид и ја задолжи опремата на Воска Спорт, а таму во финишот на сезоната имаше споредна улога.