• Горан Упале
Македонскиот напаѓач Дориан Бабунски го постигна својот втор гол во дресот на новиот клуб Грасхоперс и го реши најголемото дерби во швајцарскиот фудбал.
Грасхоперс извојува огромна победа на гостувањето кај Базел, а најголем „виновник“ за тоа е токму македонскиот напаѓач. Бабунски во 72. минута постигна еврогол во домашната мрежа и донесе молк на трибините. Од нешто повеќе од шеснаесет метри прво се ослободи од директниот чувар, а потоа испрати „проектил“, кој домашниот голман го испрати само со поглед.
Бабунски својот прв погодок во дресот на Грасхоперс го постигна пред два месеци, на дуелот против Ивердон.