• Горан Упале
Повремениот македонски репрезентативец Сефер Емини го постигна својот гол-првенец оваа сезона во данскиот шампионат, во убедливиот пораз на Сондерјиске на свој терен од Рандерс со 1-4.
Некогашниот член на Македонија ЃП во 17. минута постигна спектакуларен гол од далечина, налик на оној на Касемиро од пред неколку дена на средбата меѓу Манчестер Јунајтед и Лестер Сити.
- Атрактивниот гол на Емини против Рандерс:
Емини дресот на Сондерјиске го носи три сезони, а досега во данскиот шампионат постигна десет гола.