ВИДЕО: Голманот „пантерски“ одбрани пенал, а потоа неговиот соиграч направи глупост

Во саботата беше постигнат бизарен автогол во Бразил. Домашниот Атлетико славеше со 4-0 против Парана СТЦ, но натпреварот го одбележа еден од најчудните автоголови што некогаш сте ги виделе.

Имено, во 41. минута беше досуден пенал за Атлетико, кој голманот успеа да го одбрани. До топката прв стигна дефанзивецот на гостите Лео Асунпкао, кој во обид да ја расчисти ситуацијата направи голема грешка и ја смести топката во сопствениот гол. 

Атлетико е лидер во лигата со 14 освоени бода во шест натпревари, додека гостите имаат четири бода и се во долниот дел од табелата.