Голманот на Валвијк првпат се обрати јавно по несреќата против Ајакс

Голманот на РКЦ Валвијк колабираше во натпреварот против Ајакс, во 85. минута при негатива на неговиот тим од 2-3. Етјен Васен беше веднаш хоспитализиран, за среќа во стабилна состојба откако по еден дуел на теренот тој загуби свест. 

Чуварот на мрежата на холандскиот тим го чека период на заздравување, а тој реши лично да се заблагодари за поддршката и пораките. 

„Драги членови, колеги и навивачи на Валвијк, пред сè сакам да се заблагодарам на медицинскиот тим во Ајакс и персоналот од итната помош за брзата реакција. Разбирам дека поддршката доаѓа од сите страни. Во овој момент сакам да се заблагодарам на сите за пораките, благодарен сум за сите што сочувствуваа со нас. 

Имав краток видео повик со своите соиграчи, со персоналот и сите кои работат со тимот. Беше убаво да ги видам сите. Првиот период од моето заздравување се состои од могу одмор. Засега е важно да се фокусираме на натпреварот против Алмере Сити в сабота. Како членови на Валвијк мора да пружиме голема поддршка на соиграчите. Имам целосна доверба во нив, тие ќе се борат за победата. Се гледаме наскоро“, напиша голманот. 

Етјен Васен има 28 години и пред да се врати на фудбалот ќе треба да мине долг период на рехабилитација. На мечот со Ајакс тој доби удар во главата, па веројатно тоа беше причината за губењето свест.