Голманот на Спортинг интересен за миланските гиганти

Многу клубови ширум Европа се соочуваат со дилема - дали уште отсега да го започнат летниот преоден рок или да причекаат да заврши кризата со пандемијата ковид-19. Италијанските клубови се на сериозен удар, бидејќи ќе претрпат големи загуби од финансиска, а и играчка природа. 

Гигантите Милан и Интер се во потрага на нов голман. Двата ломбардиски клуба се заинтересирани за младиот голман на Спортинг Лисабон, Луис Максимиано. Во младиот Португалец, Милан гледа наследник на Донарума, кој летово треба да си замине од „Сан Сиро“, бидејќи најверојатно нема да добие продолжување на договорот. За него заинтересирани се Јувентус, ПСЖ и англискиот Челзи. 

Интер е во потрага во алтернатива за Самир Хандановиќ, кој го продолжи договорот пред неколку недели. Сепак, нема адекватна алтернатива и Падели не дава потребни гаранции кај Антонио Конте.

Максимиано блесна во дресот на Спортинг до прекинот на сезоната поради пандемијата на корона-вирусот. 21-годишниот чувар на мрежата забележа 23 настапи во сите натпреварувања.