• Мартин Танасковски

Голманот Макс Гроте имаше блескав настап со Тиквеш, забележа неверојатни 11 одбрани, но го заврши дуелот неславно, со црвен картон.
Пред финишот на мечот имаше една топка упатена кон Берат Садик во длабочина, но Гроте во обид да расчисти, го патосира ривалот со кунг-фу удар директно во главата.
Судијата Ралевски прегледа ВАР и му даде директен црвен на Гроте. На голот на Шкупи застана стоперот Спахиу, затоа што чаирчани ги направија сите измени пред овој момент.

