• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на Габон извојува возбудлива победа од 4-3 на гостувањето кај Гамбија, во натпревар преполн со пресврти и неизвесност до последниот свиреж на судијата.
Главен херој на мечот беше искусниот Пјер-Емерик Обамејанг, кој постигна сите четири погодоци за својата селекција, притоа целосно надигрувајќи го голманот на македонскиот клуб Шкендија, Бабукар Гаје.
Обамејанг, кој во својата кариера има настапи за врвни европски клубови како Борусија Дортмунд, Арсенал и Барселона, уште еднаш покажа дека и покрај годините останува вистинска гол-машина. Со четирите гола тој практично сам го донесе триумфот на својот тим, а доби и црвен картон пред самиот финиш.
Интересно е што за вториот гол на Гамбија кој го постигна Митех во 23. минута за 1-1, асистираше голманот на Шкендија. Во продолжението тој имаше неколку одлични интервенции, но одбраната на Гамбија не успеа да го сопре расположениот напаѓач на Олимпик Марсеј.
Со оваа победа, Габон останува во трката за врвот во својата квалификациска група, а Обамејанг уште еднаш го потврди својот статус како еден од најдобрите африкански напаѓачи на својата генерација.