Голманот на РБ Лајпциг скина лигаменти и го чека долга пауза

Екипата на РБ Лајпциг во терминот од 18:45 часот дојде до победа над Селтик од 3-1, во третото коло од Лигата на шампионите. Сепак, овој триумф си зеде „данок“, бидејќи германскиот тим остана без првиот голман Петер Гулаши. 

Чуварот на мрежата од Унгарија во десеттата минута се здоби со повреда, поради која беше заменет со Бласвич. Според првичните прегледи, од клубот потврдија дека Гулаши го очекува навистина долга пауза. Се работи за скинати лигаменти во десното колено, а тоа ќе го оддалечи од терените на непознат период. 

Познавајќи ги ваквите повреди, РБ Лајпциг навистина долго ќе биде без својот голман. Германците најавија нови информации по дополнителните прегледи во наредните денови.

Состави

Marco Rose

4-2-3-1

    Ange Postecoglou

    4-3-3