Голманот на Фрајбург е наследник на Нубел во Шалке 04

Фановите на Шалке 04 едвај го дочекаа крајот на кошмарната сезона во Бундеслигата. Време е за трансфер пазарот и комплетен ремонт на екипата, но веројатно и на стручниот штаб. Деновите на Давид Вагнер се одбројани и ќе биде сензација ако продолжи да ги води „кралско сините“.

Александар Шволов од Фрајбург дал согласност за трансфер во Гелзенкирхен и за осум милиони евра двата клуба треба да се договорат. 28-годишниот голман го следат и Ајакс, Херта Берлин, Севиља и Бенфика. На „Велтинс арена“ ќе пристигне нов голман, како замена за Александар Нубел, кој се сели во Минхен.

Шалке 04 ја заврши сезоната со 16 последователни натпревари без победа во Бундеслигата, што е нов клубски анти-рекорд.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.