ВИДЕО: Голманот на Еибар му даде гол на Облак, па Суарез со два гола донесе златни бодови!

Атлетико Мадрид ја продолжи серијата на победи во Примера и во заостанатиот натпревар од првото коло славеше со 1-2 (1-1) на „Ипуруа“ во Еибар. Тимот на Симеоне останува на врвот и делува како најконзистентна екипа во шампионатот на Шпанија сезонава.

  • Еибар - Атлетико Мадрид 1-2: 

Интересно е што водечкиот гол за Еибар го постигна српскиот голман Дмитровиќ, кој успешно реализира најстрога казна за тимот на Мендилибар во 12. минута. Сепак, Уругваецот Луис Суарез блесна во финишот на двете полувремиња и го сврте резултатот во полза на тимот од главниот град, Најнапред во 40. минута постигна прекрасен гол за израмнување, а на две минути до крајот реализира пенал со паненка за победа од 1-2. Домаќините протестираа за одлуката на главниот судија да досуди најстрога казна.  

Со оваа победа Атлетико Мадрид има огромни седум бода повеќе од Реал Мадрид и има уште еден заостанат натпревар.

Вчера значајни домашни победи запишаа Хетафе и Бетис, а натпреварот меѓу Виљареал и Гранада заврши без победник (2-2). 

  • Виљареал - Гранада 2-2:

  • Бетис - Селта 2-1: 

Со оваа победа Атлетико Мадрид е есенски првак, а комплетното 20. коло е распоредено во следните четири дена, од петок до понеделник.