Голманот на Црвена Звезда направи катастрофална грешка, но и стана рекордер во ЛШ!

Голманот на Црвена Звезда, Омри Глејзер, направи катастрофална грешка на натпреварот со Манчестер Сити, но и покрај тоа испиша историја во Лигата на шампионите и стана рекордер по бројот на одбрани на еден натпревар од групната фаза во елитата.

Српскиот шампион имаше водство од 0-1 на полувреме на „Итихад“, но потоа Сити додаде гас и со три гола стигна до очекувана победа. Глејзер „кумуваше“ за вториот гол на „граѓаните“, откако направи катастрофална грешка и дозволи нов гол на Алварез.

Сепак, неговиот настап во Манчестер влезе во историјата, затоа што забележа дури тринаесет успешни интервенции, најмногу од кој било друг голман во ова натпреварување досега.

Израелецот по бројот на одбрани го престигна Фернандо Муслера, кој имаше дванаесет одбрани на мечот Галатасарај - Реал што се одигра на 22 октомври 2019 година. Во групата голмани со по единаесет одбрани во Лигата на шампионите е и неодамнешниот капитен на Црвена Звезда, Милан Борјан, кој имаше толку одбранети удари во поразот од 1-6 против Пари Сен Жермен на 3 октомври 2018 година.

Состави

Пеп Гвардиола

4-2-3-1

    Vladan Milojevic

    4-2-3-1