Голманот Лорис собoри историски рекорд на Дешамп во француската селекција

Gol.mk на EURO 2016

Со денешниот меч против репрезентацијата на Р. Ирска, голманот на француската репрезентација Уго Лорис го урна собори рекордот во францускиот фудбал, еден ист фудбалер да го одигра 55. меч со капитенската лента на раката.

Досегашен рекордер беше сегашниот селектор Дидие Дешамп, кој во својата активна кариера ја носеше капитенската лента на 54 меча.

За Лорис, кој прими гол од пенал по неполни две минути. денешниот меч е 76. во неговата репрезентативна кариера, а има перспектива да влезе и во клубот 100.