ВИДЕО: Голманот излета далеку напред, Коцев од Шкендија даде гол од својата половина!

Екипата на Шкендија гостуваше кај четвртолигашот Јени Маале во Битола, на стадионот „Петар Милошевски“ во рамките на првото коло од Купот на Македонија

Тетовчани својот квалитет го демонстрираа на теренот и со резултатот, а третиот погодок во домашната мрежа беше неверојатен. Голманот на Јени Маале излета на една долга топка, се обиде да расчисти со лизгачки старт, а потоа влезе и во дуел со противник. Топката падна на средината од игралиштето и дојде до Стефан Коцев кој биеше прецизно во противничката мрежа. 

Јени Маале е клуб на млади луѓе кои го репрезентираат култното маало во Битола. Тие се истакнаа при организацијата на овој натпревар, покажувајќи големи манири. 

<<< - ПОВРЗАНО - Четвртолигаш со манири на голем клуб ја чека Шкендија во Купот