Голманот голгетер, Рожерио Сени ја заврши кариерата полна со рекорди

Бразилскиот голман Рожерио Цени ја заврши кариерата

Легендарниот бразилски голман, Рожерио Сени, стави крај на професионалната кариера. Мечот на Сао Паоло против Гојас требаше да биде последниот во кариерата на легендарниот голман, но тој не настапи поради повреда на скочниот зглоб. Рожерио Сени, дресот на Сао Паоло го носеше од 1992 година, а официјално е најдобриот голгетер меѓу голманите, со 131 постигнат гол на 1256 натпревар.

42-годишниот голман од далечната 1997 година во секоја сезона постигнал најмалку по два гола. Тој е шестиот најдобар стрелец во историјата на големиот бразилски клуб, Сао Паоло.

Во кариерата го носеше само дресот на Сао Паоло, а има освоено 20 трофеи, вклучувајќи и три шампионски титули во Бразил и две во Копа Либертадорес. Рожерио Сени беше дел од бразилската репрезентација, која во 2002 година стана светски шампион во Јапонија и Јужна Кореа.