Голманот беше само гледач: Светска класа слободен удар на Џејмс (ВИДЕО)

„Вембли“ беше сведок на атрактивен гол на Англија, кој беше во режија на Рис Џејмс.

Дефанзивецот на Челзи покажа дека е мајстор за слободни удари, откако погоди атрактивно. Од повеќе од 25 метри, во 38. минута, Џејмс биеше во горниот дел од голот на Летонија, а голманот на ривалот беше само гледач.

Овој светска класа слободен удар доби овации од стадионот, но и на спортските страници на социјалните мрежи.