Голманот беше гледач: Магија на Барди од слободен удар (ВИДЕО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, покажа дека е класа за прекини и даде атрактивен слободен удар во Турција.

На мечот меѓу Аланија и Коњаспор, во 83. минута Барди изведе атракција од прекин од нешто повеќе од дваесет метри. Голманот беше само гледач, немаше шанси да интервенира.

Сепак, на крајот Аланија беше победник во турската Суперлига, триумфира со 1-2, па голот на Барди беше само за лична сатисфакција и да се ублажи поразот на својот тим.