ВИДЕО: Голманот бараше лекарска помош, а Нејмар стана „жртва“ на новото правило!

Сантос славеше со убедливи 0-3 на гостувањето кај Васко да Гама во 23. коло од бразилското првенство и направи важен чекор во борбата за опстанок. 

Нејмар стана првиот фудбалер во Бразил кој мораше привремено да го напушти теренот поради новото правило поврзано со укажување медицинска помош на голманите. Голманот на Сантос, Габриел Бразао, доби лекарска помош, а според новото правило тренерот треба да одреди фудбалер кој привремено ќе излезе од игра.

Доколку тоа не биде направено во рок од десет секунди, автоматски теренот го напушта капитенот. Во случајот на Сантос, капитен беше Нејмар, па тој мораше да го напушти теренот и да почека една минута пред да се врати во игра.

Правилото не се применува во одредени ситуации, меѓу кои се повреда на голманот по прекршок, судир со противнички играч или крварење.