ВИДЕО: Голманите во елемент – Захов фати зицер, Наумовски со двојна одбрана!

Супер-дербито на актуелниот првак и најголемиот претендент за трофејот оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкупи и Шкендија понуди прв дел без погодоци. Во одлична атмосфера на стадионот „Чаир“, голманите имаа главна улога на двете страни. Костадин Захов и Кристијан Наумовски се најголемите „виновници“ за егалот без голови на пауза.

Чаирчани први се заканија сериозно, по една контра која ја повлече Адетунџи, го проигра Кире Маркоски, а Захов му фати зицер шанса на напаѓачот на домашните. На спротивната страна, Наумовски ја одбрани шансата на Биљали „еден на еден“, за потоа да го скроти и ударот по одбиена топка. 

  • Зицерот на Захов и двојната одбрана на Наумовски: 

Дербито на 16. коло во ПМЛФ е поважно за тетовчани кои бркаат бодовен дефицит против ривалот.