ВИДЕО: Голмане, што ли направи? Најбизарниот гол во историјата на англискиот фудбал

Активно беше на Островот овој вторник, се одигра вонредно коло во пониските лиги, а за еден натпревар сигурно уште долго ќе се зборува. Тоа не беше дуел на некои атрактивни ривали, но во центарот на вниманието е пресметката меѓу Барнсли и Викомб во 20. коло од англиската Лига 1.

Домаќините славеа со 1-0 и тоа по неверојатна глупост на противничкиот голман. Имено, во првата минута од судиското надополнување, Косгроув ја искористи невидената грешка на гостинскиот голман Стрјек.

Стрјек го одложуваше времето, противничкиот напаѓач малку го турна, по што голманот падна, но и ја испушти топката. Мислеше дека ќе добие фаул и ќе украде уште неколку минути, но се излага. Судијата не ја прекина играта, а напаѓачот на Барнсли ја зеде топката и постигна гол. Сите на стадионот за момент беа во исчекување, но брзо сфатија дека се е регуларно и голот е чист.

  • Неверојатна ситуација која веќе стана хит на социјалните мрежи:

Двета третолигаши во Англија ја одзедоа славата од натпреварите во Лигата на шампионите овој вторник, а тоа е можно само на фудбалските терени.