Голман во Шпанија ги загуби нервите: Нокаутира противник и предизвика масовна тепачка! (ВИДЕО)

Неверојатни сцени беа видени на натпреварот шпанската Сегунда меѓу Сарагоса и Хуеска, каде што фудбалот падна во втор план по хаосот што се случи на теренот.

Главен актер на инцидентот беше голманот на гостите, Естебан Андрада, кој целосно ги загуби нервите. Тој прво оттурна противнички фудбалер, по што судијата му покажа црвен картон, но тука не заврши драмата.

Бесен по исклучувањето, Андрада тргна кон Жорге Пулидо и го удри со тупаница во главата, што предизвика вистински хаос на теренот. Следеше масовна мешаница во која играчите од двете екипи влегоа во конфликт, а ситуацијата излезе од контрола.

Јасно е дека голманот на Сарагоса го очекува жестока казна и долга суспензија поради насилничкото однесување, кое го одбележа натпреварот и фрли сенка врз целиот дуел.