ВИДЕО: Голман во 97. минута со КАТАСТРОФАЛЕН кикс му подари бод на противникот

Екипата на Реал Сарагоза на неверојатен начин испушти победа на гостувањето кај Спортинг Хихон во 11. коло од втората лига на шпанскиот фудбал. До 86. минута гостите водеа со 0-2, потоа доаќинот го намали резултатот, а во самиот финиш го израмни резултатот благодарение на големата грешка на голманот на Сарагоза.

Французинот Гаетан Пусин ја имаше топката в раце и реши да ја спушти на земја, но не забележа дека зад него е домашниот фудбалер Пабло Инсуа. Напаѓачот само лесно ја зеде топката и го искористи тоа што Пусин беше далеку од голот и стрелаше за голем бод за својот тим.

„Тоа беше чиста интуиција. Додека останав зад голманот по претходната акција, сфатив дека тој ниту еднаш не погледна назад, мислев дека тоа може да биде шанса.

Тоа се должи на околностите на натпреварот, бидејќи во тој момент бев практично напаѓач и можев да ја искористам таа ситуација и да постигнам гол. Многу е позитивно што успеавме да извлечеме реми“, рече Инсуа.

Киксот на голманот на Сарагоза за краток период стана вирален на социјалните мрежи, бидејќи ваков кикс во модерниот фудбал е недозволив.