• Иван Димовски
Најубавиот гол за изминатиов викенд ни доаѓа од Мексико. На натпреварот меѓу Гвадалахара и Веракруз, победата за домаќинот ја запечати голманот Родригез од преку 90 метри. Средбата заврши со резултат 3-1, а вистинско славје следеше по спектакуларниот гол.
Во последните секунди од натпреварот Веракруз имаше корнер и сите играчи на тимот беа пред голот на противникот, дури и голманот. Акцијата беше лошо организирана и чуварот на мрежата на Гвадалахара доби шанса да шутира кон празниот гол на гостите.
- Голот на голманот на Гвадалахара против Веракруз: