Голман на 16 години влезе во историјата на Арсенал

Џек Портер влезе во историјата на Арсенал, откако доби шанса од тренерот Микел Артета да биде стартер во натпреварот од Лига Купот против Болтон

На само 16 години и 72 дена младото момче дебитира во првиот тим на Арсенал. Тој стана втор најмлад фудбалер кој некогаш заиграл за клубот, по Итан Нванери. Сепак, Портер влезе во историјата како најмлад стартер во дресот на „топџиите“ досега во историјата. 

Арсенал во Карабао купот го дочека тимот на Болтон Вандерерс, а тренерот Артета даде шанса на доста млади фудбалери уште од првата минута, одморајќи ги стартерите.

Состави