Големото засилување на Челзи настапи на десет натпревари и пак се повреди!

Челзи го купи Кристофер Нкунку од РБ Лајпциг и во него гледаше решение за офанзивните проблеми. За волја на вистината, францускиот офанзивец играше навистина на врвно ниво за „биковите“ и беше еден од најдобрите играчи во Бундеслигата. 

Сепак, од стартот на 2023 година не може да крене глава од повреди. Маките на Нкунку почнаа во Лајпциг, а продолжија непосредно пред стартот на сезоната во Премиер лигата. По претсезонските настапи за Челзи, Французинот се повреди на почетокот на август и на премиерлигашко деби чекаше до 24 декември. 

Откако дебитираше за „сините“, Нкунку запиша вкупно десет настапи, постигна два гола, а сега пак се повреди. Тоа го потврди тренерот Маурисио Почетино, а според првичните информации тој ќе отсуствува три до четири седмици.