Големото италијанско дерби без публика, исто е и на уште пет средби во Серија А

Големото дерби во италијанскиот фудбалски шампионат меѓу Јувентус и Интер ќе се игра пред празни трибини, поради присуство на опасниот Коронавирус на „чизмата“.

Одлуката ја донесе италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора, кој истакна дека истата стапува на сила затоа што забранети ќе бидат сите јавни собири. Натпреварот меѓу Јувентус и Интер нема да биде единствениот, туку без публика ќе се играат и други средби од 26. коло.

Покрај големото дерби, без публика ќе бидат мечевите Милан - Џенова, Парма - Спал, Сасуоло - Болоња, Сампдорија - Верона и Удинезе - Фиорентина.

Дуелот на двата тима кои се на врвот на табелата е в недела од 20:45 часот.