ВИДЕО: Големото бугарско дерби за Левски по пресвртот над ЦСКА Софија

Големото фудбалско дерби на соседна Бугарија, кое се играше попладнево во рамките на 28. коло, му припадна на домаќинот Левски, кој по пресврт во второто полувреме славеше над големиот градски ривал ЦСКА Софија со резултат од 2-1.

Мечот имаше доста интересен тек, гостинот ЦСКА Софија беше тимот кој играше подобро во првите 45. минути, а и релативно рано во 8. минута со голот на Арсенио поведе со 0-1, резултат со кој се замина на паузата.

Сепак победата на крај му припадна на домашниот тим на Левски, кој во финишот на вториот дел, со два гола во период од осум минути направи комплетен пресврт и славеше со резултат од 2-1. Херои на „сините“ од Софија се Прочаска, кој во 71. минута погоди од пенал за 1-1, додека Јаблонски во 79. минута стрелаше за 2-1.