• Мартин Танасковски

Екипата на Работнички го продаде најдобриот играч Али Регба, но донесе големо име во овој преоден рок како замена. Клубот се договори со Алмедин Дино Жиљкиќ, крилен играч кој доаѓа од српската Суперлига каде бележеше одлични партии, дознава Gol.mk.
Босанецот кој има 28 години беше член на Нови Пазар, за кого одигра дванаесет натпревари оваа полусезона. Се работи за име со богата биографија и настапи за реномирани балкански клубови како што се Олимпија Љубљана од Словенија, Борац Бања Лука и Сараево од Босна и Херцеговина и Горица од Хрватска.
Жиљкиќ, кој е босански репрезентативец, во кариерата исто така настапуваше и за ирански Ештегал, Доњи Срем од Србија, како и младинските категории на Војводина и Нови Пазар. Се очекува крилото да биде од голема важност за тимот на Горан Станиќ и додадена вредност во нападот.
Работнички и Жиљкиќ потпишаа договор до крајот на сезоната, со можност истиот да биде продолжен.