• Редакција Gol.mk

Второлигашот Детонит Плачковица доби репрезентативно засилување за продолжението од сезоната, откако во тимот од Радовиш на позајмица пристигна Лука Бојаџиев, кој доаѓа од редовите на Брегалница.
19-годишниот штипјанец е член на репрезентацијата на Македонија до 20 години и настапи на Медитеранските игри во Италија. Се работи за играч од среден ред кој низ кариерата покрај за матичната Брегалница беше дел и од Кит-Го од Пехчево.
Овој викенд во рамки на четвртото коло на Втората лига, Детонит Плачковица на Гораз Здравков ќе се соочи со Осогово на домашен терен, а тоа ќе биде можност за деби на Бојаџиев во новиот клуб.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




