• Редакција Gol.mk

Гевгелиски Кожуф доведе големо засилување за вториот дел на шампионатот во Втората фудбалска лига. Во Гевгелија доаѓа Филип Тодороски, искусен фудбалер, кој пред неколку дена раскина со Пелистер.
Фудбалерот за врска е производ на школата на Победа, a ги носеше уште дресовите на Воска Спорт и Работнички. 22-годишникот во првиот дел на шампионатот одигра четири натпревари за пелистерци, главно влегувајќи од клупата за резерви.
Тодороски веднаш пристигна во Гевгелија и му се стави на располагање на тренерот Иван Варадиновски. По првиот дел на шампионатот Кожуф е деветти со 22 бода.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

