Големо признание: Ива Пројковска дел од женското финале во ЛШ!

Македонската судијка Ива Пројковска доби огромна чест и признание во кариерата, откако беше делегирана како четврти судија на финалниот натпревар во Лигата на шампионите за жени. 

Пројковска ќе работи на мечот за трофејот заедно со помошничките Сања Роѓак-Каршиќ и Маја Петравиќ од Хрватска, а главен судија ќе биде нивната сонародничка Ивана Мартинчиќ. Во ВАР-собата ќе седат Тиаго Бруно Мартинс од Португалија и Момчило Марковиќ од Србија. 

Ова е уште еден чекор погоре за Македонката Пројковска, која веќе има огромно искуство од делење на правдата на исклучително важни елитни натппревари. Женското финале во Лигата на шампионите ќе се одигра на 24 мај, а таму силите ќе ги одмерат тимовите на Арсенал и Барселона.