Големо лондонско дерби. Артета ќе го пречека Чаби Алонсо

Оваа недела на програмата е првото големо дерби во новата сезона од Премиер лигата. Актуелниот шампион Арсенал на „Емирати“ во северен Лондон ќе го пречека градскиот ривал Челзи во рамките на третото коло од англискиот шампионат.

„Топчиите“ ја отворија сезоната на совршен начин. Го освоија Комјунити Шилд со убедлива победа над Манчестер Сити од 3-0, а потоа во првите две кола од првенството ги совладаа Ковентри со 3-0 и Астон Вила со 1-0. Тимот на Микел Артета продолжува во ист стил како и минатата сезона – цврсто во одбраната и со многу мал број примени голови.

Токму таквиот пристап им ја донесе долгоочекуваната шампионска титула, а со оглед на тоа што во летниот преоден рок немаше значајни промени во составот, Арсенал важи за главен фаворит за одбрана на трофејот. Но, ако постои тим што може сериозно да му ги расипе плановите, тогаш тоа е Челси.

„Сините“ ова лето донекаде изненадувачки го ангажираа поранешниот тренер на Баер Леверкузен и Реал Мадрид, Чаби Алонсо. Со неговото доаѓање на „Стемфорд бриџ“ пристигна и нова, многу попозитивна енергија. Продажбата на Енцо Фернандез во Манчестер Сити можеби претставува сериозен удар, бидејќи не беше доведена вистинска замена, но затоа со трансферите на Роџерс, Лакроа и Мартинез беа засилени другите линии во тимот, кои минатата сезона беа поголем проблем.

На Челзи сè уште му е потребно време за целосно да се воигра, бидејќи имаше многу промени во составот. Сепак, и покрај тоа, во првите две кола ги совлада Фулам со 3-2 и Брајтон со 4-3, а дополнително го елиминираше и Лутон со 2-0 во Лига Купот на Англија. Кога екипата целосно ќе се вклопи, Челзи би можел да биде уште поопасен, а своето вистинско лице веројатно ќе го покаже во пролетниот дел од сезоната. До тогаш, голем дел од конкурентите ќе бидат исцрпени од настапите во европските натпреварувања, додека Челзи оваа сезона нема такви обврски.

Сепак, во ова дерби фаворитската улога му припаѓа на Арсенал. Впрочем, на последните 11 лондонски дербија Челзи нема ниту една победа. Арсенал славеше осум пати, додека три натпревари завршија без победник. Тоа е статистика што јасно покажува кој во моментов има психолошка предност пред големиот градски ривал.