• Зоран Мишевски

Новиот второлигаш Големо Коњари, има нов шеф на стручниот штаб. Станува збор за Јовица Блажески, стручњак од Македонски Брод.
Досегашниот тренер Горан Касниоски ќе биде дел од стручниот штаб, заедно со Јовица Блажески, кој е ангажиран затоа што поседува А-лиценца. Клубот Големо Коњари и Блажески најдоа заеднички интерес, клубот за да го исполни бараниот услов од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а тренерот за да ја добие можноста за исчекор во кариерата, бидејќи претходно работеше со млади категориии фудбалери.
Блажески веќе одржа неколку состаноци со управата наК Големо Коњари, а го претставуваше клубот и на средбите во ФФМ.
Почетокот на подготовките е закажан за почетокот на јули, а играчкиот кадар ќе претрпи промени. Единствен кој го напушта клубот до овој момент е Христијан Кукески.