• Горан Упале


Минатогодишниот финален пар на францускиот куп Ница - Нант нема кого не го изненади. Канаринците победија со 1-0, но иако се уште се активни во одбраната на трофејот, тешко е да се поверува дека повторно ќе успеат да стигнат до тронот.
Пари Сен Жермен како и вообичаено последните неколку години е прв фаворит, но, сепак, актуелниот шампион и лидер во Лига 1 го чека голема задача во борбата за четвртфиналето. Нивниот ривал е Олимпик Марсеј.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Олимпик Марсеј - ПСЖ
Клубот од познатото француско пристаниште нема освоено пехар во националниот куп од 1989 година и секако има мотив да стигне до крајот, иако по поразот од Ница минатиот викенд (1-3) Игор Тудор и неговите играчи се сигурно поконцентрирани на борбата за второто место во шампионатот со Ленс и Монако од второто најважно домашно натпреварување.
Сепак, доаѓањето на големиот ривал, значително ослабен со повреди, е шанса за Олимпик да се покаже во добро светло. Заедно со претходно повредените Мбапе, Нејмар, Рамос, Кимбембе и Мукиеле, на дуелот со Тулуз се повреди и Ренато Санчез. Сето тоа сигурно ќе влијае на парискиот состав за ова гостување, бидејќи Кристоф Галтие го нема луксузот да загуби уште еден играч во пресрет на осминафиналето од Лигата на шампионите со Баерн Минхен.
Сите квоти во МОZZART за останатите натпревари во Купот на Франција
Претходното големо француско дерби одиграно во октомври го реши голот на Нејмар во 45. минута за 1-0. Претпоставуваме дека повторно нема да има многу голови, а инаку, од средбата во есента 2019 година, двапати имаше само повеќе од два гола.