Големо дерби на стартот од Примера, 12 јуни е денот кој го чекаат фановите

Бетис Севиља

Полека се откриваат деталите околу продолжението од сезоната во Шпанија. Најсилното првенство на Пиринеите најверојатно ќе се врати на 12 јуни и тоа со големо дерби.

На првиот меч по подолга пауза ќе се сретнат лутите андалузиски ривали Бетис и Севиља. Официјализација на овој план се очекува да се случи на крајот од месец мај.

Екипите се вратија на тренинзите и започнаа со мали групирања. По два месеци без физички контакт, играчите ќе имаат доволно време да се навикнат на новите правила и ќе тренираат под лупа на надлежните органи.

До крајот на сезоната во Примера остануваат 11 кола. Првиот човек на шпанскиот фудбал Хавиер Тебас најави интензивен распоред во јуни за да се доигра сезоната во планираниот период.

Барселона е лидер со два бода предност пред големиот ривал Реал Мадрид.