„Големите“ на маса со УЕФА: Сакаат промени во ЛШ од 2024 година

Претставници на најсилните европски фудбалски клубови ќе имаат средба со претставници на УЕФА, за евентуални промени во фудбалската Лига на шампиони.

Состанокот ќе се одржи во Нион и ќе биде неофицијален. Се шпекулира дека клубовите бараат менување на моделот на Лигата на шампионите, односно да се формира Суперлигата, која се најавува веќе подолго време.

Суперлигата ќе брои две лиги, во кои ќе има испаѓање. Доколку се воведе овој модел, великаните ќе профитираат, а патот до Лигата на шампионите за помалите клубови ќе стане уште попеколен. Истовремено, ќе има и дискусија за менувањето на времето на натпреварите, однсоно наместо вторник и среда, дуели во Лигата на шампионите да се играат за време на викендот.

Тука е и можноста мечеви од Лигата на шампионите да се играат надвор од Европа, како и финансискиот бенефит од ТВ-правата при ваков модел на натпревари. 

Евентуални нови правила во Лигата на шампионите би важеле од 2024 година.