• Иван Димовски

Натпреварот меѓу Каљари и Фиорентина кој заврши со драматична победа на гостите (2-3) беше последен во кариерата на Клаудио Раниери. Поради обврските во Европа на тимот од Фиренца, мечот од последното коло во Серија А се одигра порано од останатите.
- Извештај од натпреварот:
Раниери на 72-годишна возраст реши да се повлече од фудбалот, па дуелот на „Унипол Домус“ во Каљари беше доста емотивен. Славниот стручњак доби аплаузи на отворена сцена од фудбалерите, навивачите, судиите... Едвај Раниери ги држеше солзите на неговото простување од спортот на кој му посвети 38 години од животот како тренер.
- Аплаузите за Клаудио Раниери:
Во својата богата кариера најголемиот успех го имаше во 2016 година кога сензационално ја освои Премиер лигата со Лестер. Покрај тоа, има освоени куп трофеи во Италија и Шпанија, како и еден европски Суперкуп.
Освен Каљари и Лестер, Клаудио Раниери работеше во Наполи, Фиорентина, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челзи, Валенсија, Парма, Јувентус, Рома, Интер, Монако, Нант, Фулам, Самптодија и Вотфорд, а кратко беше и селектор на Грција.